Екипите на Воска и Работнички одиграа нерешено, 1-1, на првенствениот натпревар во Охрид, па и двете екипи остануваат во борба за обезбедување опстанок во лигата. Сепак, натпреварот можеше да има друг епилог доколку судиите не направеа катастрофална грешка во 72-рата минута, кога не забележаа дека топката ја мина гол-линијата при ударот на фудбалерот на Работнички, Атдхе Мазари.
Од видеото кое го споделија од Работнички, јасно се гледа ситуацијата, а тоа се гледа и на преносот во живо кој го организира ФФМ, но главниот судија Јован Качевски и првиот асистент Климент Ристоски не ја забележаа ситуацијата и не го признаа голот. Останува да се види анализата на судиската комисија на ФФМ, но без разлика на се, нема ништо да се промени, па затоа е потребно итно имплементирање на ВАР-системот во македонскиот фудбал.