Алегри си заминува од Јувентус, познато е кој ќе ја води Старата дама од идната сезона

Управата на Јувентус одлучила да му се заблагодари на Масимилијано Алегри на крајот од сезоната и веќе го одредила неговиот наследник, тврди новинарот чија специјалност се фудбалските трансфери, Фабрицио Романо.

„Сè поизвесна е разделбата меѓу Јувентус и Алегри и тоа би требало да се случи во јуни. Иако договорот му важи и за следната сезона и доколку нема некое големо изненадување, Алегри идната сезона нема да биде тренер на Јувентус“, тврди новинарот.

Според неговите информации, Јувентус од идната сезона ќе биде предводен од Тијаго Мота, кој на клупата на Болоња прави чуда и има шанса да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Со Мота од Болоња во Јувентус треба да пристигнат и двајца фудбалери, капитенот Луис Фергусон и Рикардо Калафиори.

- Оглас -

Најнови вести