Рекорд за Гинис, цели 11 години не знаат за пораз во домашниот шампионат

Кошаркарките на УСК Прага во последниот меч од чешкиот шампионат дојдоа до неверојатно достигнување, ја остварија 300-тата победа по ред. Јубилејната 300-та победа по ред беше остварена пред два дена, и тоа против Сокол, кој беше совладан дури со 42 поени разлика (106:64).

Последниот пораз кошаркарките на УСК Прага во домашниот шампионат го доживеаја на 30 април 2013 година и оттогаш веќе 11 години редат само победи.

За тоа време освоија 11 шампионски титули по ред, еден Куп и еднаш триумфираа во Евролигата (2015 година).

https://twitter.com/EuroLeagueWomen/status/1777249372977115186

 

- Оглас -

Најнови вести