Ракометниот клуб Вардар 1961 објави дека германската компанија „Кемпа“ е нов спонзор на клубот и во следните три сезони вардарци ќе носат опрема од овој производител.
Директорот Борко Ристовски најави дека двократниот европски првак преговара и со други германски компании, а од договорот со „Кемпа“ ќе имаат голем финансиски бенефит.
Попладнево од 18 часот, Вардар во „Јане Сандански“ игра дерби со Еурофарм Пелистер, што за скопјани е последна шанса евентуално да се вратат во трка за титулата, па објавата на договорот со „Кемпа“ е ветер во грб.