Успех и огромна радост на младите македонски фудбалерки, влегоа во елитната Лига А!

Женската репрезентација на Македонија за фудбалерки до 19 години направи голем успех со пласманот во елитната европска Лига А, каде што играат најдобрите во оваа возрасна категорија.

На турнирот во Молдавија, Црвено-жолтите предводени од селекторот Астрит Мерко со три победи на три меча обезбедија место во највисокиот ранг, каде што се најдобрите 28 во Европа.

Откако ги победија домашната Молдавија со 4-0 и Литванија со 2-0, денеска јуниорките беа подобри од Велс со 2-1. Головите ги постигнаа Петкова и Села.

Велс е тим кој исто така ги доби првите две кола, па овој дуел решаваше кој оди во А дивизија, на нашите доволен им беше и нерешен резултат за да бидат први. Македонија овие квалификации ги заврши со максимални 9 бода и гол разлика 8-1.

- Оглас -

Најнови вести