ПСЖ со еден удар планира да отепа две муви, да ја елиминира Барселона во ЛШ и да ѝ го украде најважниот играч

Утревечер на „Паркот на принцовите“, ПСЖ и Барселона ќе го играат првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите, а управата на Светците планира со еден удар да отепа две муви.

Навивачите на Барселона се загрижени поради информацијата која се појави денеска во „Лекип“ дека челниците на ПСЖ планираат налето да го ангажираат Гави.

Гави поради повреда не е во комбинација за настап, а според најголем дел од фановите на Барселона тој е најважниот играч на каталонскиот тим кој треба во идната деценија да води битки со Реал Мадрид за трофеите во Ла Лига и во Лигата на шампионите.

Според првичните информации, ПСЖ е подготвен да понуди повеќе од 200 милиони евра за Гави, во кого го гледа новиот лидер на екипата по заминувањето на Килијан Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести