1020 Ипсвич – Вотфорд (20.45 часот)
На овој дуел од англискиот Чемпионшип, домашните мора да победат за да останат втори на табелата и да се вратат на победничкиот пат откако загубија во минатото коло. Вотфорд има серија од три ремија по ред, и вечерва би се задоволиле со нерешено, но прашање е дали Ипсвич ќе го дозволи тоа. Ипсвич е најефикасен тим во лигата, има најмалку порази и важи за фаворит. Ипсвич на сите домашни лигашки мечеви во 2024 година, дава барем два гола. Во декември во Вотфорд, Ипсвич победи со 2-1, тоа им е единствен меѓусебен дуел во последните десет сезони.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.02)
1031 Вајкомб – Дерби каунти (20.45 часот)
Бодовите им се попотребни на гостите кои се втори на табелата во англиската Лига 1 и се борат за директен влез во Чемпионшип. Вајкомб е 14-ти, без шанси да оди во ранг погоре или да испадне од лигата. Ова се два тима кои играат променливо, во последните три кола имаа по една победа, пораз и реми. Во декември кога играа на стадионот на Дерби, средбата заврши 1-1, двата гола паднаа во финишот на средбата и продолжи традицијата секогаш кога играат еден против друг, двата тима да дадат гол.
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.80)
6001 ПСЖ – Барселона (21.00 часот)
И парижаните и Каталонците беа релативно задоволни кога дознаа дека треба да играат едни против други во четвртфиналето, бидејќи во ждрепката можеа да поминат и полошо. Двата тима одамна немаат загубено. Кај ПСЖ ќе го нема суспендираниот Хакими. Пред три години, ПСЖ предводен од Мбапе ја елиминираше Барса, а во 2017 година Барса со незаборавен и неверојатен пресврт ги исфрли Светците од ЛШ. Барселона не била европски првак од 2015, кога тренер им беше Луис Енрике, а тој сега го води ПСЖ и ќе проба да го елиминира шпанскиот тим.
Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (2.05)
6002 Атлетико М. – Б. Дортмунд (21.00 часот)
Атлетико и Борусија со реални шанси влегуваат во двобојот за пласман во полуфиналето. На двата тима ќе им фали по еден холандски напаѓач, повредени се Депај од Атлетико и Мален од Борусија. Ова се тимови кои во последно време ретко играат нерешено. Борусија сезонава е незгоден гостин, нема пораз во 2024 година. Атлетико и Дортмунд последен пат играле пред шест години, победуваа тие што беа домаќини, во мечеви со 2-4 гола.
Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.86)
1241 Данди ФК – Ренџерс (21.00 часот)
Победа против Данди, за Ренџерс ќе значи искачување на првото место на табелата и валоризирање на бодот кој го освоија на драматичен начин во Олд Фирм дербито против Селтик. Ренџерс е тим со 70 постигнати голови на 31 меча, тешко дека одбраната која има примено 54 гола, ќе може да одолее на нападите на фаворитот. Данди се бори за влез во плејофот, но за нив и нерешено вечерва би било огромен успех. Последната победа на Данди над Ренџерс беше во 2017 година. Есеноска во Глазгов беше 3-1, сите четири гола паднаа во првото полувреме.
Предлог тип: 2-2 & 2+ (1.87)