Двата специјали на Sport Life за вечерашните дуели во ЛШ имаат игри за сечиј вкус, одлични се квотите за голови (Фото)

Вечерва се играат останатите два четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите, ПСЖ – Барселона и Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд, и Sport Life за своите обложувачи подготви специјални синглови.

Во богата понуда на нестандардни игри и опции, може да се игра кој ќе го изведе првиот корнер, кој ќе го добие првиот жолт картон, дали ќе има црвен картон, како и дали ќе има пенал и кој тим прв ќе направи замена. Исто така може да се игра на кој начин ќе биде постигнат првиот гол, како и што ќе се случи прво на двата дуели.

Во фокусот ќе биде дуелот кој ќе се игра на „Паркот на принцовите“ меѓу ПСЖ и Барселона кои имаат историја на меѓусебни дуели во нокаут-фазата во елитното натпреварување.

Во последната деценија, овие два тима дури трипати играле меѓу себе, во првите две пресметки славеше Барселона, а последната му припадна на ПСЖ. Во 2015 година, Барселона на патот кон титулата во ЛШ во четвртфиналето двапати ги победи Светците (3:1 и 2:0), но многу подраматично беше две години подоцна.

ПСЖ победи во првиот меч со 4:0, а Барселона во реваншот на „Камп Ноу“ триумфира со 6:1 и тоа со три гола постигнати во 88-та, 90+1 и 90+5 минута. Последен пат играа меѓу себе пред три години во осминафиналето и ПСЖ беше поуспешен (4:1,1:1).
Вечерашниот дуел ќе биде интересен и поради податокот дека актуелен тренер на ПСЖ е Луис Енрике, човекот кој ја предводеше Барселона до нејзината последна петта титула во ЛШ (2015).

На теренот, во фокусот ќе бидат напаѓачите на двата тима, Килијан Мбапе од едната и Роберт Левандовски од другата страна, додека шоуто ќе се обиде да го украде тинејџерот на Барселона, Ламин Јамал кој игра фантастично.

Токму Мбапе кој ги игра последните месеци во дресот на ПСЖ е главен фаворит да го отвори резултатот (3.70), како и да постигне гол во текот на мечот (1.75). Кај Барселона, квотите велат дека Левандовски ќе биде главната опасност за Светците (7.00 за да го даде првиот гол и 2.70 да даде гол во текот на мечот).

За вториот натпревар Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд, триото на Јорганџиите, Алваро Мората, Антоан Гризман и Мемфис Депај се фаворити за прв стрелец. Кај Борусија, најголеми шанси да дадат гол им се даваат на Себастијан Алер, Никлас Фулкруг, Јусуфа Мукоко.

- Оглас -

Најнови вести