Денеска ќе се одиграат два натпревари од плејофот во македонскиот шампионат. Работнички и Пелистер ги пречекуваат Феникс 2010 и Еуро Никел 2005 во вторите мечеви од четвртфиналето.
Работнички во првиот дуел славеше со Работнички во првиот четвртфинален дуел го победи Феникс 2010 со 84:80, а предноста на домашниот терен ја искористи и Пелистер против Еуро Никел 2005 (94:60).
Ден подоцна, на 11.април (четврток) ќе се игра вториот натпревар од серијата помеѓу екипите на Чаир 2030 и на ТФТ Моцарт. Закажан е за 21.часот, во салата „Шабан Трстена“ во Скопје.
Според квотите, Работнички и Пелистер се фаворити да остварат нови победи и да дојдат на само еден триумф од пласман во полуфиналето во плејофот.
Сите серии во плејофот, се играат според принципот: „подобар од пет натпревари“ и системот „2-2-1“.