По повеќе од три месеци поминати во 2024 година, Новак Ѓоковиќ уште е со празни раце, односно без ниту еден освоен трофеј сезонава. И покрај тоа што му фали трофеј во тековната сезона, Србинот уште го чува тронот на АТП листата, каде веќе опстојува рекордни 420 недели.
Ѓоковиќ моментално е дел од мастерсот во Монте Карло каде најави дека нема големи очекувања. Интересно е дека популарниот Ноле потенцираше дека за оваа година најголем приоритет ќе му биде да успее да го освои зланиот медал на Летните олимписки игри во Париз.
„Ова е олимписка година, а Олимписките игри се ретки. Се одржуваат на секои четири години, а како секогаш во олимписка година, приоритетот го ставам на тој турнир. Во период од три месеци ќе се играат три Гренд слем турнири, и тоа Ролан Гарос, Вимблдон, Олимписки игри и САД Опен и токму во тој период треба да го играм најдобриот тенис. Се надевам дека тоа ќе се случи“, рече Ѓоковиќ, кој никогаш во кариерата не бил златен на ЛОИ и тоа е единствениот голем трофеј што му недостасува.