Сите кошаркари на Далас имаа маици со натпис на словенечки, само Дончиќ немаше (Видео)

Сите кошаркари и стручниот штаб на Далас маверикс на дуелот против Мајами имаа маици со ист натпис, на словенечки јазик, освен Лука Дончиќ. На маиците пишуваше „Вистински МВП“ во знак на поддршка за словенечкиот интернационалец во борбата за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата.

Дончиќ никогаш ја нема освоено МВП-титулата, а сега е во потесниот избор заедно со Никола Јокиќ, Џејсон Тејтум и Јанис Адетокумбо. Според неговите соиграчи од Далас, токму Словенецот е тој кој треба да ја добие оваа титула.

- Оглас -

Најнови вести