Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар во 2016 година купи вила со дворно место од еден хектар на 130 километри од Рио да Жанеиро. Тој во дворот си направил вештачко езеро, па по реакцијата на општинските власти на Мангаратиба, заработи парична казна од 3,3 милиони долари бидејќи ја загрозил животната средина.
Семејството Нејмар се жалеше на ваквата одлука, па бразилскиот суд одлучи во нивна корист и ја укине паричната казна. Судот го усвоил мислењето на комисијата дека со ископот на езерото не е загрозена животната средина и за такви градежни работи воопшто не му била потребна дозвола.
„Со оглед на тоа дека паричната казна изнесува милиони долари, таа ќе му предизвика значајна, неразмерна и незаконска штета на Нејмар“, рекла судијката при носењето на одлуката.