Олимпијакос го победи Фенербахче со 3-2, а Викторија П’лзењ и Фиорентина одиграа без голови 0-0 во првите две четвртфиналиња во Конференциската лига.
Балканското дерби беше интересно, домашните водеа со 3-0, а Фенер даде два гола во 67-мата и во 74-тата минута, па има минимална негатива пред реваншот во Истанбул.
Инаку, задоволни се и навивачите на Трабзонспор, коишто видоа како се повредува Холанѓанецот Остерволде, кој неодамна шутна во глава навивач на Трабзон за време на големиот инцидент.
Ова е киксот на Сојунџу, по кој Олимпијакос поведе со 1-0 уште во осмата минута:
https://twitter.com/i/status/1778483297472938347