Севилја прва сигна до осминафинале во Лигата на Европа (Видео)

Севилја повторно беше подобра од Лацио, го доби и вториот меч, вечерва со 2-0 на својот стадион „Санчес Писхуан“, и е првата екипа што се пласираше во осминафиналето во Лигата на Европа.

Тимот од Андалузија е најтрофеен во ова натпреварување во овој милениум и повторно истакна кандидатира за титулата, со вкупен резултат од 3-0 против „лацијалите“.

Висам Бен Једер повторно беше стрелец, го постигна првиот гол за предност на Севилја од 1-0, а Сарабија со нов гол ја потврди победата на домашниот тим и го визира пасошот за во осминафинале.

https://www.youtube.com/watch?v=llDhZieen3o

 

- Оглас -

Најнови вести