Со по два гола на Бразилецот Малком и најдобриот азиски фудбалер, Ал Давсари, екипата на Ал-Хилал го победи Ал-Итихад со 4-1 во финалето на Суперкупот на Саудиска Арабија и освои нов трофеј во својата колекција.
Ал-Хилал победата му ја посвети на повредениот Нејмар, кој беше на стадионот и им даваше поддршка, а импресивно е што на ланскиот првак му дадоа четири гола, и тоа без помош од првиот стрелец Митровиќ, кој е повреден.
За Ал-Хилал, кој сезонава доминира во саудискиот фудбал, но и во азиската Лига на шампиони, ова е 34-та победа по ред, што е зголемување на светскиот рекорд по број на триумфи на еден тим на официјални натпревари. Последниот меч на Ал-Хилал на кој не победија беше уште во септември.
Ова е голот на Малком за 3-1 и со кој беше ставен печат на победата на Ал-Хилал:
https://twitter.com/i/status/1778504956221276297