Историска ноќ за Скамака и Аталанта, го нокаутираа Ливерпул на „Енфилд“ (Видео)

Аталанта го победи Ливерпул со 3-0 и тоа на неговиот „Енфилд“, по што клубот од Бергамо е блиску до сензационален пласман во полуфиналето на Лигата на Европа.

Џанлука Скамака даде два гола и испиша историја, стана првиот Италијанец кој постигнал два гола на гостување против Ливерпул во меч од европските купови. Третиот гол беше дело на Хрватот Пашалиќ.

Аталанта стана само третиот клуб по Реал Мадрид и Барселона, кои барем двапати победувале на гости против Ливерпул во еврокуповите.

Црвените важеа за фаворити за титулата во Лигата на Европа, а по дебаклот вечерва, веројатно нема да стигнат ни до полуфинале во ова натпреварување.

Поразот на Ливерпул е добра вест за Бенфика и Марсеј, кои се потенцијални ривали за полуфиналето. Лисабонските Орли на реваншот во Франција носат минимална предност од 2-1.

Сезонава беспрекорниот Баер Леверкузен со голови во 83-тата и 91-вата минута го победи Вест хем со 2-0, за убава предност пред реваншот во Лондон.

Италијанското дерби помеѓу Милан и Рома вечерва на „Сан Сиро“ им припадна на гостите од Рим со 1-0. Стрелец беше Манчини, кој даде гол со глава, а Манчини тоа го направи и викендов, во победата во градското дерби против Лацио.

https://twitter.com/i/status/1778523705435623520

- Оглас -

Најнови вести