Хосе Марија Хименес беше најприсебен во шеснаесетникот на Јувентус и погоди во 78-мата минута за предност на Атлетико Мадрид, а само 300 секунди подоцна и Диего Годин погоди во дербито на осминафиналната рунда во Лигата на шампионите.
Претходно, на домаќините им беше поништен гол по фаулот на Алваро Мората над Џорџо Кјелини, но на сцена стапија двајцата одбранбени играчи на „јорганџиите“.
И двата гола „паднаа“ по гужва во шеснаесетникот на гостите, а присебни беа Хименес и Годин за голема предност на Атлетико Мадрид.
https://www.youtube.com/watch?v=Vb2j_dxc_fU
https://www.youtube.com/watch?v=hoKkB4zFAVc