Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, МЗТ Скопје, дојде до водство од 2-0 во четвртфиналната серија против Гостивар, откако вечерва го доби и вториот меч на домашен терен, овој пат со 89-67.
Кошаркарите на МЗТ Скопје мечот го започнаа „споро“ и му дозволија да противникот на има водство после првата четвртина, но до полувремето направија пресврт, а потоа во третиот период дојдоа и до убедлива предност, која само рутински ја сочуваа до крајот на мечот.
Четвртфиналната серија сега се сели во Гостивар и со евентуална победа на аеродромци, ќе дојдат до пласман во полуфиналето, каде ќе се сретнат со подобриот од дуелот помеѓу Чаир и ТФТ.