Главниот настан во Босна и Херцеговина денес беше градското дерби на мостарските ривали, Зрињски и Вележ. На дуелот му претходеа навивачки пресметки во текот на целата претходна седмица, а кулминација беше денешниот дуел.
Зрињски победи со минимални 1-0 и остана со теоретски шанси во борбата за титулата со Борац од Бања Лука, но вистински хаос се случуваше после натпреварот, откако навивачите на Зрињски влетаа во теренот во обид да дојдат до противничките фудбалери, но откако не успеаја во намерата, се судрија со полицијата и обезбедувањето.
Veći broj pripadnika #Ultras #Mostar upalo je na teren i krenulo prema službenim prostorijama #HŠKZ, gdje su ih zaustavili pripadnici specijalne policije pic.twitter.com/VeltL7Cb7r
— Bljesak.info (@Bljesak) April 13, 2024
Она што е интересно, екипата на Зрињски е на „условно“, односно издржува условна казна, па според правилата сосема е сигурно дека ќе биде казнета со одземање на бодови, што во секој случај му одговара на бањалучки Борац.