Феникс со специјален подарок го испрати Бојан Трајковски во пензија

Македонскиот репрезентативец Бојан Трајковски по синоќешниот пораз на Феникс 2010 од Работнички во четвртфиналето од плејофот, и официјално замина во пензија.
Неговиот клуб Феникс 2010 денеска на посебен начин го испрати Трајковски во пензија, доби специјално изработена графика.

„Вчерашниот трет натпревар од четвртфиналето во домашниот плеј-оф означи крај и на една ера со пензионирање на Бојан Трајковски. Легендата на македонската кошарка стави крај на 22-годишната кариера, а во знак на чест за две и пол непроценливи сезони поминати во нашиот клуб доби посебен подарок – специјално изработена графика за долго паметење. Боки, ти благодариме за се!“, објави Феникс 2010 на својата официјална Фејсбук страница.

 

Бојан Трајковски професионалната кариера ја започна во 2002 година во екипата на Балкан Стил, а има настапувано и за екипите на Работнички, Фени Индустри, Торус, Лирија, Куманово, Карпош соколи, МЗТ Скопје, Гостивар, Кожув, Пелистер, а во последните две и пол години го носеше дресот на Феникс 2010. Трајковски долги години беше дел од македонската репрезентација со која играше на Европското првенство во 2015 година.

- Оглас -

Најнови вести