Во 76-тото градско дерби, Работнички го совлада Вардар со 2:0 во мечот од 27-то коло во Првата македонска фудбалска лига.
Ова беше прв натпревар за Вардар сезонава кој го игра на Националната арена „Тодор Проески“ и имаше голема поддршка од верните „Комити“ кои направија одлична атмосфера, но на крајот се радуваат Романтичарите.
Голот вредни три бода, фудбалерите на Работнички ги постигнаа во второто полувреме. Прво Тодоровски во 75-тата минута го отвори резултатот, а во последните моменти од мечот Атхе Азари го постави конечниот резултат. Со победата, Работнички го прескокна Вардар на табелата, по 27 кола има 31 бод, два повеќе од Црвено-црните кои се деветти и имаат еден бод повеќе од Воска.
Шкендија ја оправда фаворитската улога и го декласира Силекс со 6:1 иако по првиот дел беше нерешено (1:1). Тетовските Црвено-црни во второто полувреме дадоа дури пет гола и на најдобар начин го искористија ремито на лидерот Струга ТЛ да дојдат на само два бода од првата позиција.
Брегалница приреди вистиснко изненадување играјќи 2:2 на гости кај Струга ТЛ. Штипјани на стартот од вториот дел направија пресврт и поведоа со 1:2 со головите на Стојевски и Селмани, но Струга од пораз се спаси благодарение на Бесарт Ибраими кој во 86-тата минута го реализираше пеналот за 2:2.