Црвена ѕвезда повторно е на седум бодови пред Партизан (Црно-белите имаат еден меч помалку) откако со 3-0 го победи Железничар Панчево, и продолжи во победнички шампионски ритам.
Големиот фаворит долго се мачеше, пред конечно првиот гол да го даде во финишот на првото полувреме и тоа од една спорна и контробверзна ситуација.
Пред Букари да нафрли и Иваниќ со глава да ја упати топката во мрежата, со глави се судрија Шериф Ндиаје од Ѕвезда и Стефан Обрадовиќ од Железничар, двајцата останаа да лежат, но играта не беше прекината, иако обично се прави тоа кога се работи за повреди на главата.
Неколку секунди подоцна, актуелниот српски шампион дојде во водство.