Навивачите на Баер Леверкузен првпат почувствваа како е да се биде шампион на Германија, па разбирлива беше нивната нетрпеливост во финишот кога одвај чекаа да влетаат на терен за да ја прослават првата титула.
Кога Вирц даде гол за 5-0, илјадници фанови влегоа на терен, а судијата немаше друг избор освен да свирне крај на мечот.
https://twitter.com/i/status/1779563719531364858
Баер Леверкузен стана прв тим во историјата на Бундеслугата кој немал пораз во првите 29 кола. Баерн Минхен воден од Пеп Гвардиола пред десет сезони, имаше 28 кола без пораз, а тој рекорд го надмина тим предводен од друг шпански тренер, Чаби Алонсо.
https://twitter.com/i/status/1779563612874342452