Францускиот весник „Л’екип“ објави дека Нејмар не се однесувал професионално додека го носел дресот на ПСЖ.
Бразилецот шест сезони настапуваше за ПСЖ и за тој период одигра 173 натпревари, на кои постигна 118 гола и имаше 77 асистенции. Освои пет титули во Лига 1, трипати триумфира во Купот на Франција, а во 2020 година играше и во финалето во Лигата на шампионите, но Светците загубија од Баерн Минхен со 1:0.
„Л’екип“ пишува дека Нејмар на тренинзите често доаѓал во алкохолизирана состојба, а не ги почитувал ниту наредбите на управата на клубот и постојано излегувал на журки, а бил и редовен учесник на турнирите во покер.
Минатото лето тој потпиша за саудискиот Ал-Хилал, но веднаш се повреди и ја пропушти речиси цела сезона. Се очекува налето тој да си замине од Саудиска Арабија и како идна дестинација се споменува неговиот прв тим, Сантос.