Во древната Олимпија е запален олимпискиот оган (Видео)

Во древната Олимпија, Грција, денеска е запален олимпискиот оган за Олимписките игри кои ќе се одржат во Париз од 26 јули до 11 август.

Поради недостаток на сончева светлина, огнот е запален вештачки пред 2.600 години старите урнатини на храмот на божицата Хера.

 

Прв носител на олимпискиот оган е грчкиот веслач Стефанос Дускос, кој освои златен медал на Олимписките игри во Токио 2021 година. Олимискиот оган до 26 април ќе патува низ Грција, ќе го носат 600 поранешни и актуелни спортисти и ќе помине 5.000 километри преку седум острови.

Потоа огнот ќе преноќи покрај храмот Партенон на Акропол во Атина, каде што ќе биде одржана церемонија на предавање на огнот на Франција, домаќинот на Олимписките игри.

Олимпискиот оган во Франција ќе биде „пренесен“ со брод, а од деветти до 25 мај ќе помине низ цела Франција.

Свечената церемонија на отворањето на Олимписките игри во Париз ќе се одржи на 26 јули на стадионот „Франција“.

- Оглас -

Најнови вести