Чави е многу лут: Нашиот пат во Лигата на шампионите заврши поради судиска грешка!

Барселона водеше со 1:0, но на крајот загуби со 1:4 од ПСЖ на свој терен и на тој начин го заврши патот во Лигата на шампионите за оваа сезона. Каталонскиот гигант остана со играч помалку по исклучувањето на Араухо, а токму по тој црвен картон ПСЖ почна да доминира и гостите постигнаа четири гола.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, беше многу лут, дури и тој доби црвен картон поради еден испад, а по мечот имаше што да му порача на судијата.

https://twitter.com/i/status/1780330363589709876

„Нашиот пат во Лигата на шампионите заврши поради судиска грешка! По мечот му кажав на судијата дека беше многу лош. Беше катастрофа. Ние имавме солиден настап во Лигата на шампионите. Мора да научиме да ги контролираме ситните детали. Следната година ќе бидеме подобри“, луто коментираше Чави по поразот и елиминацијата од ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести