Бразилската фудбалска легенда Ромарио, кој беше еден од најзаслужните што Кариоките станаа светски прваци во 1994 година, одлучи повторно да игра, и тоа по цели 15 години откако стави крај на својата блескава кариера.
Ромарио ќе игра во втората лига на сојузната држава Рио де Жанеиро, во дресот на Клуб Америка, чиј претседател е тој.
Главниот мотив на Ромарио за реактивирање е тоа што сакал да игра во ист тим со неговиот син Ромарињо, кој е нов член на Америка. Инаку Ромарио ќе игра за минимална плата и парите ќе ги враќа во клубот како донација.
Сигурно е дека во неговите бели дробови нема воздух како порано и нема да игра на сите натпревари, но магијата ја има во неговите нозе и интересно ќе биде да се види што ќе може да понуди. Шампионатот Кариока од Серија А2 треба да започне на 18 мај.