Најслатко е кога „од кец во двојка“ ќе фатиш во 90-та минута

Манчестер сити завчера успеа да оствари пресврт над Шалке со конечни 3-2, мечот кој му донесе многу среќа на еден редовен типувач во Sport Life обложувачниците. Типувачот кој својот тикет го уплатил во „Ченто 2“ со влог само од 20 денари и три парови, си доби 61.600, односно 1.000 евра.

Неверојатно е колку го посака среќата. За Шалке да има предност од 2-1 на полувреме, Бенталеб мораше да биде прецизен од пенал во 45-тата минута, додека Стерлинг во 90-тата минута го оствари пресвртот во корист на „граѓаните“.

За тикетот да биде добитен, Глазгов ренџерс и ПСЖ мораа да постигнат најмалку два погодоци во првото полувреме во пресметките со Климарнок, односно Монпелје.

Екипата на Стивен Џерард до предност од два гола стигна соголот на Морелос во последната од 45-те минути во првиот дел, додека Ди Марија во првата минута од судиското надополнување се погрижи за „светците“ на паузата да заминат со водство од 2-1. До крајот на двете средби и Ренџерс и ПСЖ постигнаа по пет гола.

 

- Оглас -

Најнови вести