ПСЖ ја елиминира Барселона во четвртфиналето, и тоа на спектакуларен начин со победа од 1-4 на гостувањето на Олимпискиот стадион „Монжуик“. Еден од клучните фудбалери на Светците беше Килијан Мбапе, кој ги игра последните натпревари за ПСЖ, а од следната сезона многу веројатно ќе го гледаме во Ла Лига, и тоа во дресот на најголемиот ривал на Барселона, Реал Мадрид.
Како што пренесува шпанскиот весник „Марка“, по натпреварот на „Монжуик“ се случил инцидент во тунелот, а токму Мбапе бил нападнат од неколкумина фудбалери на Барселона. Тој гласно ја прославувал победата и викал „ова е фудбал, тука се зборува на теренот“, што било сфатено како провокација од домашните фудбалери, кои тргнале да се пресметаат со него. Сепак, брзата интервенција на обезбедувањето и полицијата спречило поголем инцидент, но заклучокот е едноставен, Мбапе полека, но сигурно се учи што треба да прави по неговата преселба во Шпанија.