Легендарниот напаѓач и капитен, Сергеј Барбарез е нов селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, одлучи Извршниот одбор на Фудбалската федерација на оваа земја.
Барбарез стана 17-тиот селектор на Бих, а Федерацијата со неговото назначување ја исполни желбата на огромен број на навивачи кои сметаа дека легендарниот капитен и напаѓач треба да добие шанса да ја води репрезентацијата.
Барбарез ќе го наследи Саво Милошевиќ кој не успеа преку баражот да ја однесе репрезентацијата на Европското првенство кое летово ќе се одржи во Германија.
Во полуфиналето од баражите, БиХ во Зеница загуби со 1:2 од Украина.
Интересно е што ова ќе биде прво тренерско искуство за Барбарез. Тој како играч најглем дел од кариерата помина во Бундеслигата каде играше за Хановер, Унион Берлин, Ханза Росток, Борусија Дортмунд, Хамбургер и Баер Леверкузен.