Актуелниот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром гостува кај Гостивар во меч на кој се очекува фаворитот да го потврди местото во полуфиналето на плејофот. Аеродромци водат со 2:0 во победи и вечерва иако на гостински терен, се очекува да стигнат до третиот триумф и со тоа да влезат во следната фаза од трката за освојување на трофејот.
Овие две екипи сезонава одиграа вкупно пет средби и на сите пет победи МЗТ Скопје Аеродром, од кои на четири триумфите беа со 15+ разлика. Токму затоа и границата за „хендикеп двојка“ е на 11,5 поени.
Освен овој меч во плејофот, се играат и два дуели во плејаутот. Вардар е домаќин на Кожув, а ФМП Академија игра против Охрид.