Барселона е елиминрана во четвртфиналето од Лигата на шампиони откако на домашен терен загуби со 1:4 од Пари Сен Жермен. Каталонскиот гигант имаше предност од 3:2 по првиот меч во Париз, но дома одигра разочарувачки и загуби убедливо, иако имаше водство од 1:0.
Мечот тргна на лошо за Барселона кога Роналд Араухо доби црвен картон. ПСЖ поведе со 2:1, а потоа Жоао Кансело направи пенал, по кој гостите постигнаа и трет гол кој беше многу важен затоа што со тој погодок стигнаа до предност во вкупниот збир од двата натпревари.
Токму Кансело открива дека по мечот бил цел на вербални закани и тоа многу лоши. „Колку е болно општеството во кое живееме денеска покажува и фактот дека на социјалните мрежи добив многу лоши закани. Имаше луѓе кои посакуваа смрт на мојата неродена ќерка и на мојата сопруга и тоа само поради еден фудбалски меч. Тие луѓе тоа не смеат да ми го кажат во лице затоа што се кукавици и знаат што може да им се случи, но затоа се кријат позади социјалните мрежи. Покрај тоа што мене ме навредуваат, тие пишуваат работи против мојата неродена ќерка и сопругата. Овој модерен свет е суров и болен. Морате да научите да се носите со тоа. Замислите колку треба да бидете пореметени за да посакувате смрт на неродено дете. За мене пишувајте што сакате, но семејството не ми го чепкајте!“, порача Кансело.