Шест фудбалери на Манчестер јунајтед сакаат заминување на португалскиот тренер Жозе Мурињо, но според британските медиуми, петмина го поддржуваат Специјалниот.
Мурињо ја работи својата трета сезона во Јунајтед, а историјата вели дека ќе му биде и последна бидејќи во најголем дел од клубовите каде што работел, останувал по три сезони. Во прилог на оваа „теорија“ се и скромните резултати на тимот.
Објавено е и кој го поддржува Пол Погба во „војната“ против Мурињо. Тоа се Андреас Переира, Мартијал, Бејли, Шоу и Рашфорд. Ова се фудбалерите кои не се задоволни од работата на тренерот. Веројатно тука е и Фред, кој пуштил гласна музика во соблекувалната по нерешениот исход со Вулверхемптон.
Но, нивното незадоволство е и бидејќи повеќето се резерви. Лук Шоу игра најмногу од нив.
„Бранители“ на Мурињо се: Матиќ, Јанг, Валенсија, Фелаини и Алексис Санчес. Тие во последно време се оддалечуваат од Погба, и тоа е доволно да се зборува дека се на страната на тренерот.