Работнички бега од опасната зона, голот на сезоната во Мак-фудбалот е постигнат во Втората лига (Видео)

Фудбалерите на Работнички славеа со минимални 0:1 на гости кај Брегалница Штип во мечот кој се играше во рамки од 28-то коло во Првата македонска фудбалска лига.
Ова е втор триумф по ред за Романтичарите со кој се оддалечија од опасната зона, додека Брегалница ја прекина мини серијата од два меча без пораз.

Работнички скокна на седмото место со 33 бода, додека Брегалница е претпоследна со 26 бодови, два помалку од Воска спорт која се наоѓа на позиција која води во баражот за опстанок.

Мечот го реши Гандо со голот во 59-тата минута.

Овој резултат остана во сенка на голот на сезоната во македонскиот фудбал кој беше постигнат во втората лига.

На натпреварот меѓу Каменица Саса и Новаци, играчот на гостите, Стефан Јовановски од својата половина го совлада противничкиот голман, Иван Николовски, кој е син на поранешниот голман и македонски репрезентативец, Јане Николовски.

- Оглас -

Најнови вести