Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар, рехабилитацијата од повредата на ногата ќе ја продолжи во родниот Бразил, каде што ќе остане десетина дена. Клубот на Нејмар ангажирал специјален физиотерапевт кој ќе му биде на располагање на фудбалерот во секој момент.
Но, ова ќе останеше незабележано од медиумите доколку не се случеше едно „случајно“ совпаѓање. На први март во Рио де Жанеиро почнува традиционалниот карневал кој е најпознат во светот и претставува најголема забава на отворено во Бразил.
Нејмар е долгогодишен почитувач на карневалот и речиси да не пропушти година да го посети. Додека играше за Барселона, земаше по еден до два слободни денови за да отпатува до Рио, па затоа многумина се сомневаат дека тој намерно го избрал овој период за да се лечи во Бразил, а не на одличните клиники во Франција.
Популарниот Неј на фудбалскиот терен треба да се врати на почетокот на април.