Карабах до Јуве: Учете од нас како се дава гол против Атлетико (Видео)

Во минатата сезона од Лигата на шампионите, екипата на Карабах извлече нерешени 1-1 на гостувањето кај Атлетико Мадрид, а денеска снимка од тој гол беше објавена на профилот на „Фејсбук“ од клубот со провокативен текст.

Од Карабах му порачаа на италијанскиот гигант Јувентус дека треба да учи од нив како му се даваат голови на Атлетико во Мадрид.

Инаку, по синоќешниот пораз од 0-2 против „јорганџиите“, за 10 проценти падна вредноста на акциите на Јуве на берзата во Милано. Проценката на финансиските експерти е дека ако Јувентус биде елиминиран во осминафиналето од ЛШ, вредноста само на берза ќе му падне најмалку за 10,5 милиони евра. Пад на вредноста на акциите имаше и кога Кристијано Роналдо од шпанскиот суд доби затворска казна.

Ова е голот на Карабах на гостувањето кај Атлетико есента 2017 година:

- Оглас -

Најнови вести