Ливерпул не се предава, победи во Лондон и останува во трка за титулата (Видео)

Екипата на Ливерпул победи со 3:1 на гостувањето кај Фулам во меч од 33 коло на англиската Премиер лига. Со оваа победа Ливерпул стигна до 74 бодови колку што има и лидерот Арсенал. Манчестер сити е трет со 73 бодови, но и еден меч помалку.

Тренд Александер-Арнод даде фантастичен гол од слободен удар со кој Ливерпул поведе во првото полувреме, но Фулам погоди за 1:1 во финишот пред полувремето.

Во вториот дел Ливерпул сепак покажа зошто е фаворит и прво со голот на Гравенбах стигна до 2:1 во 53 минута, а потоа да нема неизвесен финиш се погрижи Диого Жота кој зголеми на 3:1 во 73 минута, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

- Оглас -

Најнови вести