Барселона одлично го започна Ел Класико дербито на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид и по само пет минути игра постигна гол. По еден изведен корнер, Кристенсен со голава погоди, искористувајќи го киксот на голманот на домаќините Лунин.
Овој погодок на Кристенсен е јубилеен. Тоа е 300 погодок на Барселона во историјата против Реал во првенствените дуели. Коцис во 1962 година на Камп Ноу бил стрелец на 100-тиот гол, Бразилецот Роналдо во мај 1997 година погоди на Камп Ноу за 200-ти погодок на Барселона во Ел Класико во првенството, а сега Кристенсен влезе во ова друштво како стрелец на 300-тиот погодок.
GOLLL CHRISTENSEN!!
REAL MADRID 0-1 BARCELONApic.twitter.com/5j0uZxKzRe— Siaran Bola Live (@SiaranBolaLive) April 21, 2024
Сепак, Реал Мадрид брзо се врати во егал откако Винисиус Јуниор погоди од пенал во 18 минута, откако беше фаулиран Лукас Васкес.