По разделбата со Младен Жижовиќ, тренерската задача во фудбалскиот клуб Шкупи му е доверена на албанскиот стручњак Ернест Ѓока.
Ѓока има водено повеќе клубови во Албанија, а под негово водство Шкендија ја освои шампионската титула во Македонија во сезоната 2020/2021.
Договорот на Ѓока со Шкупи е на последните пет натпревари од оваа сезона, како и целата наредна сезона, со опција за продолжување на договорот за уште една година. Тренерот Ѓока се сретна со својот стручен штаб и со фудбалерите, по што веднаш го одржа првиот тренинг.
„Задоволен сум што дојдов во тим како Шкупи, тим кој е елитен македонски фудбалски клуб и изграден да стане шампион. Се надевам дека заедно ќе ги добиеме овие пет финалиња кои се пред нас и зошто да не ја освоиме шампионската титула“, изјавил Ѓока на претставувањето како нов тренер на Чаирчани.