Јувентус е прв финалист во Купот на Италија, иако вечерва загуби во Рим од Лацио со 1-2.
Старата дама го доби првиот меч во Торино со 2-0. Лацио вечерва со два гола на Валентин Тати Кастељанос (седум години се немаше случено некој член на Орлите да даде два гола на еден меч против Јуве) поведе со 2-0, но Аркадиуш Милик со гол во 83-та минута, само една минута откако влезе во игра на местото на Душан Влаховиќ, ги шокираше лацијалите.
Милик е прв стрелец сезонава во Копа Италија со четири погодоци.
Во финалето, Јувентус ќе игра со Фиорентина или Аталанта. За Јуве ова е рекордно 22-ро финале во Купот на Италија.
https://twitter.com/i/status/1782875148401471514