Кошаркарите на Мајами направија големо изненадување и успеаја да победат на гостувањето кај Бостон со 101-111 и ја израмнија серијата на 1-1. Бостон беше голем фаворит на овој натпревар, но одличното второ полувреме на Мајами им ја донесе победата.
Првото полувреме беше израмнето, а домашните заминаа на паузата со предност од три поени. Сепак, третата и четвртата четвртина им припаднаа на гостите, што беше доволно за победа од 10 поени разлика.
За разлика од Бостон, екипата на Оклахома не дозволи изненадување и забележа убедлива победа од 124-92 против Њу Орлеанс за водство од 2-0. Домашните уште од првата секунда покажаа дека се фаворити и дека нема да дозволат изненадување.
Првата четвртина ја добија со 13 поени разлика и во ниту еден момент не дозволија нивната победа да биде загрозена, а предноста постојано се зголемуваше.