Во уплатно место на Sport Life во Струга, вчера на 100 денари бил уплатен тикет само со три натпревари и можна бруто-добивка од 60.877 денари и тикетот е добитен.
За добитна квота од 608 на стружанецот му помогнаа голеадите на трите меча кои точно ги прогнозирал, па фатил многу големи квоти.
За дуелот Марсеј – Ница, типувано е дека ќе има барем по два гола во двете полувремиња, средбата заврши 2-2, со два гола во двете полувремиња и веќе во 72-рата минута од мечот стана јасно дека е погодена прогнозата.
За средбата Ковентри – Хал прогнозата е дека во двете полувремиња ќе биде ГГ, а и тоа излезе според желбите на стружанецот. Резултатот на полувреме беше 1-2, додека на крајот беше 2-3, во 78-мата минута прогнозерот го заокружи и овој пар како добитен.
На Рапид Виена – Штурм потребно му беше двата тима да дадат гол и во првото полувреме да има барем три гола. На пауза се замина со резултат 1-3, па уште тогаш беше погодена прогнозата и се најави дека на тикетот како да му е пишано да биде добитен.