Мислав Оршиќ со гол во 15-тата минута ја анулира предноста на П’лзењ од првиот меч и донесе многу радост на „Максимир“ и за играчите на Динамо Загреб.
Акцијата за водечкиот гол беше исклучително атрактивна, а со прекрасен потег ја почна Бруно Петковиќ. Напаѓачот на Динамо со петица го проигра Дани Олмо, Шпанецот ја пропушти топката меѓу нозе, а Оршиќ налета на неа и ја смести во мрежата.
Акција во стилот на познатата циркуска атракција на Харлем глобтротерс овојпат во фудбалски меч од Лигата на Европа.
Динамо води со 1-0, резултат што му одговара за пласман во осминафиналето по поразот од 1-2 на првиот меч.
https://www.youtube.com/watch?v=_EsyV–w5Bk