На социјалните мрежи повторно се појави видео снимка од 1990 година во која во главната улога е една од најголемите акциски филмски ѕвезди на денешницата, Џејсон Стејтам.
Малкумина знаат дека Стејтам во минатото бил спортист, а за тоа колку бил добар најдобро покажува податокот дека тој настапувал за репрезентацијата на Англија.
Имено, Стејтам во 1990 година бил дел од репрезентацијата на Англија на Игрите на Комонвелтот и тоа во дисциплината скокови во вода.
Откако ја заврши спортската кариера, Стејтам заплива во филмските води, а се прослави во 2002 година со акцискиот хит Транспортер и сега е еден од најпознатите и најплатените акциски филмски актери.
Jason Statham at the 1990 commonwealth games pic.twitter.com/gzqSTjyVtU
— Historic Vids (@historyinmemes) April 27, 2024