Беса на бод од промоција, мечот на сезоната се одигра во Тетово

Екипата на Беса од Добридол е на само бод од официјална промоција во Првата лига, откако попладнево одигра без голови, 0-0, со второпласираниот Пелистер. Екипата од гостиварско сега има 12 бода предност пред Детонит Плачковица, но и послаб меѓусебен дуел, па токму затоа до крајот на првенството им е потребен само бод.

Битолска Пелистер со ремито против Беса, сега има предност од шест бода пред Детонит Плачковица на четири кола пред крајот, па за нив првенството се уште не е завршено.

Најлудиот натпревар сезонава во македонскиот фудбал се одигра во Тетово, каде Тетекс е поразен од Арсими со неверојатни 4-6, откако на полувремето „текстилците“ имаа предност од 4-3.

Резултати:

Башкими – Скопје 0-0
Беласица – Кожуф 2-0
Беса – Пелистер 0-0
Новаци – Детонит П. 0-1
Охрид – Саса 1-1
Осогово – Караорман 2-1
Победа – Вардар Н. 1-1
Тетекс – Арсими 4-6

Табела: 1. Беса 67, 2. Пелистер 61, 3. Детонит П. 55, 4. Арсими 44, 5. Охрид 39, 6. Скопје 39, 7. Башкими 37, 8. Вардар Н. 35, 9. Беласица 34, 10. Кожуф 34, 11. Новаци 28, 12. Победа 27, 13. Тетекс 24, 14. Осогово 23, 15. Саса 19, 16. Караорман 15.

- Оглас -

Најнови вести