Јувентус напаѓаше, Милан успеа да го одбрани второто место во Торино

Екипите на Јувентус и Милан одиграа без голови, 0-0, во дерби дуелот од италијанската Серија А, кој иако немаше резултатско значење за двете екипи, сепак, донесе појасна слика околу втората позиција на табелата.

Интер веќе и официјално е шампион, а Милан успеа да се одбрани во Торино, а со тоа да ја одбрани и втората позиција на табелата и ја задржа предноста од пет бода пред Јувентус.

„Старата дама“ упати 16 удари кон противничкиот гол, од кои дури седум одеа во рамките на голот на Милан, но Спортиело беше несовладлив и сосема заслужено ја понесе титулата играч на натпреварот.

Од друга страна, Милан деветпати шутна кон противничкиот гол, но ниту еден удар не одеше во рамките од голот на Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести