Фудбалерките на Лион ќе играат против Барселона во финалето на ЛШ

Фудбалерките на Лион ќе играат во финалето на Лигата на шампионите против Барселона, откако денеска во реванш полуфиналниот дуел против ПСЖ славеа со 2:1.

Лион славеше и на првиот полуфинален дуел против ПСЖ со 1:0 и со вкупни 3:1 се пласира во финалето.

Натпреварот го судеше нашата судијка со знак на УЕФА и ФИФА, Ива Пројковка,  одлично си ја заврши работата. Пројковска додели три жолти картони, два за фудбалерките на Лион и еден за ПСЖ.

Барселона која е актуелен европски шампион, во финалето се пласира откако во полуфиналето беше подобра од Челси. Првиот натпревар заврши со триумф на Челси од 0:1, но во реваншот Барселона победи со 2:0.

Финалето ќе се игра на 25 мај во Билбао.

Интересно е што последните две меѓусебни пресметки, Лион славеше и тоа во финалињата во ЛШ. Во 2022 година беше 3:1 за францускиот тим, а во 2019 година беше 4:1.

 

- Оглас -

Најнови вести