Полуфиналната серија во плејофот во кошаркарскиот шампионат на Македонија започна со убедлив пораз на Работнички од 63:86 против Пелистер и веднаш предизвика реакција на навивачите на тимот од Градски парк.
И тие како и навивачите на најтрофејниот фудбалски колектив Вардар, Комитите, се разочарани од однесувањето на нивните миленици и најавуваат акција.
Популарните Сити парк бојс порачуваат дека нема да дозволат некој да си игра со дресот и честа на Работнички.
„ГРАНИЦАТА Е ПРЕМИНАТА!
Вчера бевме сведоци на срамниот дебакл на нашите играчи. Трибината исполнета до последно место, еуфорија како што одамна не се осетила мегу публиката, се беше подготвено за еден одличен ден крунисан со победа за да на крај да добиеме што? Натпревар само 15 минути? Легачење по терен и фрлање цигли? Поразот како пораз не боли толку колку што боли не почитувањето кон дресот и името кое го носат. Се си има свој почеток и крај а поединци веќе се на крајот. Нема да дозволиме на никого да си игра со нашата светост па и по цена тоа да придонесе крај на сезоната. Од сега па натаму ќе делуваме ние!
Подгответе се зошто наскоро доаѓа најтешката битка, најтешките минути на сезоната!!!
ПОРАЗ НЕ Е ЗБОР ОД НАШИОТ РЕЧНИК!“, порачуваат Сити парк бојс.