Прославата на фудбалерите на Интер поради 20-тата шампионска титула во Серија А покрај неверојатната атмосфера која ја приредија навивачите на Нераѕурите, ја одбележа и скандалозниот потег на дефанзивецот Дензел Дамфрис, кој од клупскиот автобул објави транспарент со којшто го навреди играчот на Милан, Тео Ернандез.
На транспарентот Ернандез е претставен како куче кое Дамфрис го држи со ланец.
Дамфрис и Ернандез влегоа во клинч на последниот дуел меѓу Интер и Милан, поради што и двајцата заработија црвен картон.
https://twitter.com/i/status/1784615588930691379