Рафаел Надал се пласира во осминафиналето на турнирот во Мадрид и ќе продолжи со напредок на АТП-листата во својата последна сезона како активен тенисер.
Шпанската легенда попладнево го совлада Педро Качин од Аргентина со 6-1, 6-7, 6-3, и дојде до својата 59-та победа на земјените терени во Мадрид, каде што има пет титули. Втор на вечната листа по број на добиени мечеви на турнирот е Новак Ѓоковиќ со 30. Новак две години по ред го прескокнува овој турнир.
Во осминафиналето Надал ќе се сретне со Чехот Лехецка, а ако ја мине и таа пречка, во четвртфиналето го чека дуел со Медведев или Бублик.